Историја


Целосно име: Juventus Football Club S.p.A.
Прекар(и): Bianconeri (Црно-бели), La Vecchia Signora(Старата Дама), Le Zebre (Зебрите)
Основан: 1 Ноември 1987
Стадион: Олимпико (капацитет: 27.500)
Претседател: Andrea Agnelli (Андреа Ањели)
Тренер: Luigi Del Neri (Луиџи Дел Нери)
Лига: Serie A (Серија А)
Јувентус (од латински: Juventus, во превод младост) е италијански фудбалски клуб од градот Торино. Со исклучок на една сезона, тимот на Јувентус ја има поминато цела историја во првата италијанска лига Серија А. По освојување на втората Серија Б во сезоната 2006-07 се вратија во битка за Скудетото. Јувентус е најтрофејниот фудбалски клуб во Италија, со вкупно 51 трофеи, 40 во Италија, а 11 во европски и светски натпреварувања. Во 1985 Јувентус ги освоил сите интернационални натпреварувања.

Формирање

Есента во 1987 година, неколкумина студенти од Торино – вљубеници во спортот се одлучиле да формираат спортска екипа и на 1 ноември 1897 формиран е клуб под името Augusta Tourinorum, но за само неколку денови луѓето се премислуваат и го именуваат клубот Juventus, што означува „младост“ според латинската транскрипција.
Официјални основоположници на фудбалскиот клуб се Еугенио и Енрико Канфари и тој егзистира веќе 108 години и е еден од најстарите фудбалски клубови во Италија.

Дресови

Во првите години од формирањето на клубот, фудбалерите носеле дресови со розева боја и црни шорцеви.
Дресовите од тоа време не биле квалитетни, па во 1903 година, еден трговец со текстил од Торино се решил на клубот да му подари нови дресови. Тој дизајнирал дресови со розева основа и црни линии и го испратил дизајнот во Англија во фабриката за текстил каде по грешка им биле направени бело-црни дресови. Сите фанови и членови од Јувентус биле разочарани кога дресовите пристигнале но со текот на времето таа комбинација станала општоприфатена во клубот и од страна на навивачите.

Првото Скудето

Црно-белите дресови им носат среќа на Јувентус веќе две години подоцна кога во 1905 година, Јуве ја освојува првата титула во Италија. Од 1905 до 1926 Јувентус не успева да го повтори успехот и во тој период доминираат екипите на Интер, Касале, Про Верчели и Милан (еден од најмоќните клубови од тоа време во Италија).

Ерата на Ањели

Семејството Ањели ја презема екипата на Јувентус во своја сопственост на 24 јули 1923 година. На чело на клубот застанува Едуардо Ањели, тогашен сопственик на автомобилскиот магнат FIAT. До денешен ден, фамилијата Ањели и понатаму се сопственици на Јувентус. По смртта на Едуардо, на чело на екипата застанува Џани Ањели, а по неговата смрт контролата ја презема неговиот брат Умберто Ањели. Денеска на чело на Јуве се наследниците на семејството Ањели (синовите од сестрите на Умберто и Џани).

Ерата на Липи

Во 1994 година на кормилото на Јувентус застана Марчело Липи. Во неговата прва сезона тој заедно со Јувентус ја освоија Серија А. Во летниот периоден рок во Јувентус се донесени славни играчи како:Чиро Ферара, Роберто Баџио, Џанлука Виали и младиот Алесандро Дел Пјеро. Следната сезона Липи го води Јувентус во финалето на Лигата на Шампионите, каде ги поразија Ајакс на пенали после резултат од 1-1.
По освојувањето на Лигата на Шампионите во Јувентус се преселија уште славни играчи како:Зинедин Зидан, Филипо Инзаги и Едгар Давидс. Следните две сезони Јувентус освои две Серија А титули, а истотака два пати стигна до финалето на Лигата на Шампионите, каде изгуби од Борусија Дортмунд и од Реал Мадрид.
По една сезона пауза, Липи се врати во Јувентус и донесе уште славни имиња како Џанлуиџи Буфон, Давид Трезеге, Павел Недвед и Лилијан Турам. Тој ги предводи до уште две скудета во сезоните 2000/01 и 2001/02. Во 2002/03 Јувентус стигнува до финалето на Лигата на Шампионите каде изгуби од Милан на пенали по нерешениот резултат 0-0. Следната година Липи седна на кормилото на италијанската репрезентација.

Нови времиња

Во 2004 година италијанскиот тренер Фабио Капело го напушти тимот на Рома и седна на тренерското столче на Јувентус. Капело ги предводи Јувентус до уште две скудета, но во 2006 година поради скандалот со местење на натпревари Јувентус беа исфрлени во втората лига на италијанскиот фудбал, Серија Б, а истотака им беа одземени двете титули кои ги освоија со Капело. После исфрлувањето на Јуве, Капело заминава за Реал Мадрид. Од Јувентус истотака си замина и дотогашниот директор Лучијано Моџи.
Кога Јувентус отпадна во Серија Б, на директорското столче седна Џовани Коболи Џили, а на тренерското столче седна Дидие Дешамп. Овој период беше катастрофален за Јувентус, бидејќи си заминаа најголемиот број на ѕвезди:Златан Ибрахимович, Лилиан Турам, Фабио Канаваро, Емерсон, Патрик Виера и др. А верни на клубот останаа:Алесандро Дел Пјеро, Павел Недвед, Мауро Каморанези, Давид Трезеге и Џанлуиџи Буфон, иако тоа значеше дека ќе настапуваат во втората лига. Во сезоната 2006/07, очекувано, и покрај бодовниот минус пред почетокот на сезоната, Јувентус го освојува првото место во втората италијанска лига, и се повторно станува член на Серија А. Ден после освојувањето на трофејот, Дешамп дава отказ, а е заменет од Клаудио Раниери. Летото 2007 Јувентус доведуваат 10 играчи, и тоа:Тиаго, Виченцо Јакинта, Хорхе Андраде, Хасан Салихамиџиќ, Зденек Григера, Серџо Алмирон, Доменико Крисито, Антонио Ночерино, Кристијан Молинаро и Јес Ванстратен на заем.
Во првата сезона во Серија А по испаѓањето во ранк подоле, Јувентус успева да заврши на одличното трето место кое гарантира квалификации за Лигата на Шампионите. Во обид да се засили екипата челниците на Јуве за сезоната 2008/09 успеваат да ги доведат Олоф Мелберг, Дарио Кнежевиќ, Кристијан Поулсен и Амаури. Поради слаби резултати при крајот на сезоната 2008-09 Клаудио Раниери беше избркан и на негово место беше назначен Чиро Ферара. Чиро пред почетокот на сезоната 2009-10 успеа во Јувентус да ги донесе Диего од Вердер, Фелипе Мело од Фиорентина, Мартин Касерес од Барселона како позајмен и Фабио Канаваро од Реал Мадрид како слободен играч.
Летото 2010 беше наменето за сериозни промени како во хиерархиската структура, така и во играчкиот кадар. Фамилијата Ањели, во името на Андреа Ањели повторно застанува на чело на клубот. Под негово водство започнува голема реконструкција на неколку челни позиции. Претходникот на Ањели, Блан го зазема местото финансиски директор. Функцијата спортски директор која ја вршеше Алесио Секо, ја превзема Бепе Марота кој претходно работеше во Сампдорија. Место директор зазема и живата легенда на Јуве, Чехот Павел Недвед. Марота со себе го поведе и Џиџи Дел Нери, поранешниот тренер на Сампдорија.
Играчкиот кадар претрпе огромни промени. Заминаа доста фудбалери меѓу кои и некои легенди на клубот како Давид Трезеге, Фабио Канаваро и Мауро Каморанези. Заминаа и Тиаго, Молинаро, Алмирон, Касерес, Кандрева, Кименти (пензија), Поулсен, Диего и уште неколкумина, кои повеќето на позајмици. Но пристигнаа и деветмина фудбалери (Марко Сторари, Симоне Пепе, Давиде Ланзафаме, Леонардо Бонучи, Жорге Мартинез, Марко Мота, Милош Красиќ, Алберто Аквилани и Фабио Кваљарела). 
Трофеи
НАЦИОНАЛНИ  ТИТУЛИ
Серија А (27): 1905; 1925/26; 1930/31; 1931/32; 1932/33; 1933/34; 1934/35; 1949/50; 1951/52; 1957/58; 1959/60; 1960/61; 1966/67; 1971/72; 1972/73; 1974/75; 1976/77; 1977/78; 1980/81; 1981/82; 1983/84; 1985/86; 1994/95; 1996/97; 1997/98; 2001/02; 2002/03.

Италијански Куп (9): 1937/38; 1941/42; 1958/59; 1959/60; 1964/65; 1978/79; 1982/83; 1989/90; 1994/95.

Италијански Супер Куп (4): 1995; 1997; 2002; 2003.

Серија Б (1): 2006/07.

ЕВРОПСКИ  ТИТУЛИ
Лига на Шампиони (2): 1984/85; 1995/96.

Куп на Победници (1): 1983/84.

Куп на UEFA (3): 1976/77; 1989/90; 1992/93.

Интертото Куп (1): 1999.

Европски Супер Куп (2): 1983; 1996.
СВЕТСКИ  ТИТУЛИ…
Интерконтинентален Куп (2): 1985; 1996