Се чини дека нема крај на рекордите кои Дел Пиеро ги срушил, ги руши и ќе ги руши во црно-белиот дрес.
Овој пат Але станува фудбалер со најмногу стаж во клубот во целокупната историја на Јувентус. Во саботниот дуел против Фиорентина, Дел Пиеро ќе стане најлојален фудбалер на Јувентус, а тој епитет ќе го превземе од Карло Бигата, кој играл во клубот од 12 октомври 1913 година до 21 декември 1930 година.
„Во сабота ќе истрчам како фудбалер кој поминал најмногу време во овој дрес, на што сум посебно горд. Го престигнав Карло Бигата кој бил тука 17 години, 2 месеци и 9 дена. Мојот почеток беше на 12 септември 1993 година и видов многу, а рекордот не го срушив со седење на клупа. Сепак, рекордите нема да запрат тука. Планирам да срушам уште некој рекорд, но на терен.„ - изјави Дел Пиеро.
No comments:
Post a Comment