
Настаните кои се случуваа меѓу јануари и мај мора да останат изгравирани во меморијата како грешки кои не треба да се повторат. Лесно беше да се удри по Блан, екс-директорот Секо, екс-тренерите Ферара и Закерони. Тие правеа грешки, сигурно, но најголемата грешка на сите нив е самиот проект. Токму затоа терминот „проект„ повеќе не постои, терминот дури и е забранет во седиштето на Јувентус. Наместо тоа, имаме нова структура со поставени цели: резултатите до средината на 2011 година ќе ни кажат што било добро, а што треба да се корегира.
Во периодот пред Светското првенство имаше многу актери и неколку од нив сега ги нема, отпуштени и/или преместени; други мафтаат за збогум (Сисоко, можеби Амаури). Сепак, симбол на промената на Јувентус е Фелипе Мело. Од катастрофален и невозможен за гледање, тој сега е од огромно значење за тимот и навивачите му се восхитуваат нему, неговата форма и психичкото спокојство. Потоа имаме уште еден симбол. Тој е со плава коса и трча како ветар: неговото име е Милош Красиќ. Тој потсетува на Невдед, некој кој доброволно се повлече со можност да се врати и се врати. Но, како директор во новата управа на Јувентус.
ЈАНУАРИ – МАЈ
====================
====================
Шестте срамни месеци, најмрачните во историјата на клубот. Измеѓу резултатите и клупскиот имиџ, шест месеци катастрофа.
Започна со промена на тренерското место (Ферара замина, дојде Закерони) на крајот на јануари, а заврши со промена во горните слоеви (власта за Андреа Ањели, сменета е улогата на Жан Клод Блан, Бепе Марота и компанија беа крајот на револуцијата) на почетокот на летото. Во меѓувреме, Јуве се обиде да го врати Роберто Бетега, но резултатите беа очајни. Потрошените 50 милиони (25 мил. секој) потрошени на Бразилци (Мело и Диего), заедно со Канаваро, вратен назад покрај негодувањето на навивачите и против секоја фудбалска логика.
Управа
====================
БЛАН 4.5
Претседател, финансиски директор, генерален директор. Со повеќе функции, но без никакво искуство во фудбалскиот свет. Тој едноставно загриза многу повеќе отколку што може да изџвака. Тој мислеше дека ако се справил со Тур де Франс, Роланд Гарос и релито Дакар, тоа ќе му гарантира успех и во најважната споредна работа на светот. Различни спортови, различни филозофии.
СЕКО 5
Спортски директор. Тој поминал одредено време во Јувентус под друга улога, а потоа одеднаш е ставен во центарот на вниманието и му е предадена огромна функција во клубот. Со катастрофални потези, лоши трансфери. Би можело да се каже дека само за Фелипе Мело имал право. Сепак, фактот дека соблекувалната буквално беше поделена на две и фудбалерите правеа тоа што сакаат е знак дека не успеа да се справи со ситуацијата и улогата која му беше доверена.
Тренери
====================
ФЕРАРА 5
Од зад бирото зачекори на терен. Без доволно искуство и без доволна поддршка. Осуден на „масакар„.
ЗАКЕРОНИ 5.5
Тренер „затка„... превзема „брод„ со премногу „дупки„. Мирното пловење стана премногу тешко. Тој успеа (едвај) да обезбеди квалификации за Европа. Елиминиран од трката за Скудетото, Лигата на Шампионите, дури и од Лига Европа. А не дека фудбалерите навистина му помогнаа. Со други зборови, тој наследи стара колиба, а никогаш не успеа да ја реновира.
Фудбалери
====================
КИЕЛИНИ 6.5
Покрај многуте црни моменти (и многуте повредени фудбалери), тој се обиде да го повлече тимот напред (иако и тој не беше совршен), скокнувајќи во копачките на идниот капитен на Јуве (во и надвор од теренот).
БУФОН 6.5
Во сета оваа збрка, најзачудувачка работа беше загубата на легендараната самоконтрола на Џиџи. Неговите изјави во медиумите после поразите беа незаборавни. Сведок на тоа дека Јуве не е повеќе „Јуве„, тој стануваше нервозен. Со одличните одбрани, парада за парада (многу од нив за џабе), се обидуваше да ги мотивира своите соиграчи.
КАСЕРЕС 6
Изненадувањето на сезоната и една од ретките позитивни работи. И покрај проблемите со мускулите, Уругваецот демонстрираше флексибилност и борбеност. Неговата единствена грешка: неговото доаѓање беше на право место во погрешно време.
ТРЕЗЕГЕ 5.5
Во зимата имаше неколку знаци на закрепнување, но веднаш потоа царот Давид абдицираше од својот престол. Често повреден и со својот морал паднат на нула, тој сепак ја заврши сезоната со 10 постигнати погодоци. Тој изгледаше демотивиран доволно за Дел Нери да не му даде можност во нападот и летниот трансфер пазар да го одведе во Шпанија.
ДЕЛ ПИЕРО 5.5
Се стави себеси на располагање да ја спаси Старата Дама, но тоа беше невозможна мисија. Капитенот на Јуве, сепак, никогаш не го напушти бродот што тонеше.
ДИЕГО 5
Со одлично започнатата сезона, со двата гола против Рома, потсетуваше на друг Диего (Марадона). Сепак, неговиот сјај брзо почна да бледее, заедно со остатокот од соиграчите. Остана само темнината на торинската ноќ.
ФЕЛИПЕ МЕЛО 4
Неговите плеќи неможеа да го издржат товарот да се биде најскапиот летен трансфер. Беше премногу за него. Психички дестабилизиран од тимските и своите перформанси, тој беше исвиркуван, реагирајќи на најлош можен начин. Ваквиот однос можеше да му донесе фудбалска смрт после Светското првенство. Откако се врати од одмор, по длабокото себе-испитување (со помош и на Дел Нери) успеа да се смени за 180 степени. Сепак, неговиот прв семестар од 2010 година беше апсолутна катастрофа.
КАМОРАНЕЗИ 4
Тој го напушти Јувентус на најлош начин: речиси никогаш присутен на терен, со ретки присуства на тренинг. Повредите не му помогнаа.
КАНАВАРО 4
Ќе беше подобро никогаш да не се вратеше во Јуве. Тој, сигурно, не заслужи да ја заврши (италијанската) кариера на ваков начин.
ГРОСО 4
Уште една трансфер грешка, покрај конфузијата. Се говореше дека Гросо дојде во Јуве по препорака на Липи, но дури и стариот Марчело не го поведе Гросо во Јужна Африка во јуни.
Се’ на се’, екипата во целина (на чело со Амаури) едноставно потона.

ЈУНИ - ДЕКЕМВРИ
====================
====================
Клубот
=================
МАРОТА 7.5
Влезе во Јувентус со функцијата генерален директор, но за само неколку месеци Бепе Марота беше избран за член на управата и унапреден во главен извршен директор. Јасен знак на довербата од сопствениците. Потпишувањето на Красиќ е врвот на новото раководство и со исклучок на Марко Мота (тука не вклучувајќи го Мартинез) сите новодојдени фудбалери ја оправдаа довербата. Одлична интуиција (која се препишува на Фабио Паратичи, десната рака на Марота) да го донесе Фредерик Соренсен за само 150.000 евра, бедна сума според стандардите на трансфер пазарот. Пред се’, потег кој го нагласува вниманието на целиот персонал кон младите играчи.
Тренерот
====================
ДЕЛ НЕРИ 7.5
Првиот потег на Марота беше ангажирање на Дел Нери. Тоа не беше без ризик, со оглед дека до тој момент беа спомнувани имиња како Бенитез и Прандели. Изборот беше направен и се вклопи совршено. Дел Нери потврди дека се работи за еден од најдобро тактички поткованите тренери, покажувајќи дека е и одличен менаџер во соблекувалната. Конзистентност и јасност се неговите насоки, како и екипа со своја харизма. Во оваа смисла, психолошката рехабилитација на Фелипе Мело е вредна за споменување.
Тимот
====================
СТОРАРИ 7.5
Фактот дека денес тој се смета како конкуренција на Буфон покажува дека поранешниот голман на Сампдорија се искачи на едно ново ниво. Одличен на голот, скоро без грешка, Сторари својата смиреност ја пренесува и на целокупната одбрана.
ГРИГЕРА 6
Пред да се повреди во Салцбург, тој си го обезбеди местото во стартниот состав играјќи одлично во дефанзива, но со мали недостатоци во нападот.
МОТА 5
Иако беше меѓу првите кои пристигнаа (на почетокот на јули), тој не успеа да ги разбере идеите на Дел Нери кои се однесуваат на дефанзивата. Имајќи го Красиќ пред себе, кој е како дополнителен напаѓач, не оди во корист на Мота.
СОРЕНСЕН 7.5
Данецот поседува одлучност, тактичка интелигенција и е атлетски јак што би можело да го направи важен играч за тимот. Треба само да се подобри од техничка гледна точка. Веројатно, кога би играл на својата природна позиција како централен дефанзивец неговата грубост и лошите додавања би биле помалку очигледни. Времето навистина работи во негова корист.
БОНУЧИ 7.5
После аклиматизацијата поранешниот фудбалер на Бари докажа дека е добра инвестиција. Со само 23 години Бонучи игра со смиреност на ветеран и демонстрира одлично читање на играта без топка. Тој ќе биде појдовна точка за многу следни години.
КИЕЛИНИ 7.5
Дефанзивните барања на Дел Нери го чинеа неколку чекори назад (како и целата одбрана) на почетокот на првенството, но откако Џорџио ги сфати истите тие барања, ги врати своите вообичаени перформанси, што очигледно се на едно високо ниво.
ЛЕГРОТАЉЕ 6
Одличен тест за него беше на Сан Сиро против Милан, единствениот цел натпревар што го одигра во тековниот шампионат. Одличен натпревар, во секој случај.
РИНАУДО / - (поради повреда)
ГРОСО 6
Вратен во тимот поради сплет на околности, омилениот бек на Липи одговори добро, иако има константен пад на неговата форма на последните натпревари. Ако сака да го задржи своето место, тој мора биде оној стариот Гросо од Светското првенство во Германија 2006 година.
ТРАОРЕ 6
Започна со „рачна кочница„ поради повреда, но Французинот постепено ги зголемува „брзините„ на последните натпревари. Би можел да си обезбеди стандардно место во тимот, но прво мора да го убеди Дел Нери во своите одбранбени способности.
ДЕ ЧЕЉЕ 6.5
За жал, се здоби со сериозна повреда во моментот кога почна, конечно, да покажува дека може да се носи со тежината на стартниот состав.
ФЕЛИПЕ МЕЛО 7.5
После тонењето на Светското првенство, Бразилецот беше во опасност од „давење„, но успеа да ја извади главата од вода и започна да плива поенергично. Неговите квалитети не биле никогаш оспорувани, Мело започна да го користи и мозокот, покажувајќи дека може да биде сериозен и доверлив. Ако ја задржи моменталната форма, Јуве секако дека ќе може да размислува за нешто големо.
АКВИЛАНИ 7.5
Ги исфрли од својата глава лошите спомени (предизвикани од неколкуте лоши сезони) и му овозможи на Мело да се врати на своите дефанзивни должности. Резултатот од тоа е одличен за него и за тимот, иако имаше мал пад на формата во декември.
МАРКИСИО 7
За него секогаш има место во тимот. Иако со формирањето на дуото Аквилани-Мело, Маркисио беше преместен на левата страна, тој докажа дека е корисен каде и да игра.
СИСОКО 5.5
Неговото влијание полека бледее. Сите играчи треба да се чувствуваат битни за да го дадат својот максимум, а Момо, за овој Јуве, објективно не е веќе тоа.
КРАСИЌ 9
Ги има карактеристиките на Недвед, што не е лоша појдовна точка и во меѓувреме стана се’ за Јуве. Неговата улога ќе биде доста битна во продолжение на сезоната.
ПЕПЕ 7
Римјанинот е еден од оние фудбалери кои се особено ценети од своите соиграчи и тренерите, а во текот на сезоната дури и најпребирливите фанови почнаа да му веруваат. Неговата огромна посветеност на крајот победи и покажа дека тој и не е така лош колку што изгледаше на почетокот.
МАРТИНЕЗ /
Исто како Ринаудо (иако 12 милиони евра потрошени за него изгледаат премногу)
САЛИХАМИЏИЌ /
Неколку одиграни минути и солидно завршена работа.
ДЕЛ ПИЕРО 6.5
Капитенот е во залезот на кариерата, „служејќи„ му на клубот речиси две децении. Експлозијата на Кваљарела има влијание врз неговата минутажа.
ЈАКИНТА 6.5
Оваа сезона не игра како претходните три, поминувајќи дел на терен дел во собата за рехабилитација. Сепак, сите тренери кои беа на клупата на Бјанконерите, му даваа предност пред анемичниот Амаури, па така е и сега.
АМАУРИ 4.5
Оваа календарска 2010 година за него е сумирана како мизерна: еден гол за целата 2010 година. Пропаст што неможе да се објасни само со повредите. Дојде времето да си замине.
КВАЉАРЕЛА 8
Бидејќи тука станува збор за напаѓач кој ги комбинира постигнувањето со задоволството на гледање на головите, тој го надоместува недостатокот на голгетер и ни овозможува да предвидиме колку би било прекрасно да има во тимот класа напаѓач со кој КваКва би создал одличен тандем.
No comments:
Post a Comment