Најлошите прогнози се покажаа како вистинити и заклучено е дека КваКва ќе отсуствува до крајот на сезоната.

Денешните прегледи покажаа дека, можеби единствениот расположен напаѓач оваа сезона, Фабио Кваљарела ги скинал лигаментите на коленото и ќе мора да паузира од 4 до 6 месеци.
Оваа повреда секако дека ќе ги натера челниците на Јуве да тргнат во потрага по нов напаѓач. Знаејќи дека Лука Тони е близу потпишување договор со Бјанконерите, останува да се види кого ќе донесе Марота на позицијата каде што играше Кваљарела, односно позицијата seconda punta ( втор напаѓач).
No comments:
Post a Comment