Најинтересниот дуел од Калчото за овој викенд помеѓу Јуве и Фиорентина заврши без победник, односно со резултат 1-1.
Натпревар без победник, но сепак интересен, со доста шанси.Фиорентина поведе доста рано, уште во 4-та минута со автоголот на Мота, а изедначувањето дојде на 7 минути пред крајот на 90-те минути.
И на овој натпревар се покажа главната „болка„ на Јуве, а тоа се бековските позиции. Гросо стандардно потпросечен, но сепак добра околност е што не правеше грешки кои би го чинеле тимот. А за Мота ова беше натпревар во кој уште еднаш покажа дека сеуште не е дораснат за клуб како Јувентус. Доколку продолжи со вакви игри Марота дефинитивно не би го откупил неговиот договор и Мота би се вратил во Удинезе од каде пристигна како позајмен фудбалер.
Останатиот дел од екипата одлично си ја вршеше работата, ја контролираше играта низ целиот натпревар и создаваше шанси, но полскиот голман на голот на Фиорентина, Артур Боруч на неколку наврати го спасуваше својот тим од изедначување.
Стрелци:(Мота аг 4'; Пепе 83')
Јувентус: Сторари; Мота (Ланзафаме 82), Бонучи, Киелини, Гросо; Красиќ, Фелипе Мело, Аквилани (Пепе 58), Маркисио; Кваљарела, Дел Пиеро (Јакинта 58)
Фиорентина: Боруч; Комото, Кампоресе (Фелипе 46), Гамберини, Пасквал; Донадел, Д'Агостино, Љајиќ (Маркиони 65), Сантана, Варгас, Џилардињо (Бабакар 55)
No comments:
Post a Comment