29 November 2010

Маркисио со доживотен договор?

Според тврдењата на Tuttosport, Јувентус има намера да му понуди договор на Маркисио кој би го задржал во Торино до крајот на својата кариера.

Откако челниците на Јуве го осигураа потписот на Кијелини до 2015 година, сега сакаат на долг рок да го обезбедат останувањето на уште еден бисер.

Се работи за „детето„ на Јувентус, Клаудио Маркисио во кого управата гледа лидер и иден капитен. Моменталниот договор му истекува во јуни 2014 година.

No comments:

Post a Comment