Новиот селектор на италијанската репрезентација Чезаре Прандели, продолжува со подмладување на селекцијата. Оваа недела тој ќе има можност на уште една проверка за тоа на кого ќе може да смета во иднина. Италија ќе одигра пријателски натпревар со репрезентацијата на Романија.
Јуве секогаш давал голем број репрезентативци, па така и овој пат. За овој дуел повикани се Леонардо Бонучи, Клаудио Маркисио, Фабио Кваљарела и повратникот во репрезентацијата Алберто Аквилани.
No comments:
Post a Comment