15 November 2010

Красиќ подготвен за Џенова?

По петочните прегледи на српскиот репрезентативец Милош Красиќ е констатирано дека крилниот фудбалер одлично се опоравува од повредата која ја здоби на дуелот од Лига Европа против австриски Салцбург.

Се претпоставуваше дека Красиќ, освен што ги пропушти Милан (суспензија), Чезена (суспензија), Бреша и Рома, дека ќе ги пропушти и дуелите против Џенова и Фиорентина, а дека ќе се врати дури за дуелот против Лех од Лига Европа.
Но прогнозите велат дека Србинот ќе биде спремен за игра веќе за неделниот дуел со Џенова, но овие прогнози ќе бидат дефинирани со денешните дополнителни прегледи.

No comments:

Post a Comment