Поранешниот директор на Јувентус, Лучијано Моџи денеска излезе со интересна изјава во која ги опфати сите тимови од големата италијанска четворка.
Моџи вели дека Фиорентина играла добро во Милано, но дека во Серија А победува тимот во чии редови игра Ибрахимовиќ.
„Тоа е јасно, тој прави разлика. Така беше додека играше за Интер, така е и сега во Милан. Во една ваква лига, тој е доволен.„
После ова Лаки Лучијано упати отровни стрели кон тимот кој му нанесе срам нему и на Јувентус.
„Готово е. Потполно погрена одлука беше наместо Мурињо да се доведе Бенитез. Интер личи на распуштена банда. Морати заврши со победување. За нов циклус потребен му е нов калчополи.„ - вели Моџи.
На крајот вели дека Јувентус играл подобро отколку што очекувал.
„Не очекував да играат толку добро. Борбениот дух го надополнува отсуството на квалитет. Но да не ги залажуваме навивачите дека Јуве може до скудетото.„
На прашањето дали некој може да му се спротистави на Милан, тој вели:
„Може Рома. Имаат добар тим, долго играат заедно, ја поминаа кризата и ќе бидат опасно во продолжението од сезоната.„
No comments:
Post a Comment