После одличниот резултат остварен на гостувањето кај Џенова, повеќемина се осврнаа на тоа дека оваа победа е клучна за задржување чекор со лидерите во италијанската Серија А.
Откако се врати од повредата побрзо од очекуањата, Красиќ одигра одличен натпревар: „Среќен сум што се вратив и што постигнав погодок токму на првиот натпревар после повредата. Целиот тим одигра одлично на ова тешко гостување. Сега мора да продолжиме да работиме и да се концентрираме на понатамошно подобрување.„
Одигра натпревар против „неговата„ Рома, играше и за репрезентацијата, а сега и на тешкото гостување во Џенова. Тоа значи дека ова беше напорна седмица за Алберто Аквилани. Но тоа не беше пречка тој да покаже зошто пристигна во Торино и зошто Марота треба да направи се' за да го задржи тука. Одличен преглед на игра, визиски додавања.......„Побарав замена за да се избегне некој проблем. Денеска забележавме клучна победа. За да останеме на правиот пат мораме да победуваме на вака жешки терени. Задоволен сум со мојата моментална состојба, тренерот верува во мене, бара прецизни работи од мене и се трудам да ги извршам.„
За многумина „виновникот„ за одличните игри на Јуве оваа сезона, односно за губење од меморијата на минатосезонските игри, Дел Нери даде свој осврт:
„Не беше лесно. Момците одиграа одличен натпревар. Красиќ? Знаев дека може да направи разлика. Тој е доста битен за нашата игра, може да пробие по крило, да забрза, да направи шанса. Одигра еден саат, бидејќи сеуште не е доволно спремен. Сепак извојувавме доста важни три бода кои ни овозможуваат да останеме во врвот на табелата и близу лидерот.„
No comments:
Post a Comment