После болното испаѓањето од Лига Европа, Јуве својот лек го најде на Сицилија, совладувајќи ја Катанија со резултат 1-3.
Јувентус ја продолжува низата натпревари без пораз, односно вечерва, на последниот натпревар од рамките на 15-то коло на Серија А, забележа победа на жешкото гостување кај Катанија.
Домаќините жестоко го започнаа натпреварот и создадоа неколку шанси, но во 35-та минута Пепе со одличен волеј удар постигна погодок за 0-1. Но ова водствона Јуве кратко траеше. Веќе во следниот напад Катанија успева да изедначи преку Моримото.
Кон крајот на првиот дел, Кваљарела во една прилика шутираше и топката се одби од гредата и ја помина гол линијата, но судиите не го видоа тоа што цел стадион го виде. За да се задоволи правдата, во следниот напад на Јуве, Јакинта се избори за топка и асистираше за Кваљарела кој овој пат не згреши и зголеми на 1-2.
Во вториот дел Јуве продолжува со својата игра и со вториот гол на Кваљарела (58 минута) зголемува на 1-3. Следува шансата на Моримото, но Сторари повторно покажува дека е достојна замена за повредениот Буфон. А вредна за споменување е и шансата на самиот крај од натпреварот кога Дел Пиеро и Красиќ излегуваат сами пред голманот на Катанија, но на асистенцијата на Дел Пиеро, Красиќ промашува празен гол.
Стрелци:(Пепе 35'; Моримото 37'; Кваљарела 43', 58')
Катанија: Андухар; Потенца, Силвестре, Терлици, Алварез; Биаџанти, Ледесма, Гомез (Рикиути 71), Моримото (Антенучи 68), Мартињо (Карбони 88), Макси Лопез
Јувентус: Сторари; Соренсен, Бонучи, Киелини, Гросо; Красиќ, Фелипе Мело, Аквилани (Сисоко 56), Пепе (Салихамиџиќ 82); Кваљарела (Дел Пиеро 80), Јакинта 58
Јувентус: Сторари; Соренсен, Бонучи, Киелини, Гросо; Красиќ, Фелипе Мело, Аквилани (Сисоко 56), Пепе (Салихамиџиќ 82); Кваљарела (Дел Пиеро 80), Јакинта 58
No comments:
Post a Comment