04 December 2010

Бонучи во конкуренција за УЕФА тим на годината

Oфицијалната веб страна на УЕФА, uefa.com објави имиња на 60 фудбалери за кои посетителите ќе може да гласаат за кого сметаат дека имал најголемо влијание во европскиот фудбал за период од една година, поточно за изминатите 12 месеци.


Меѓу сите тие фубалери се најде и дефанзивецот од Јувентус, Леонардо Бонучи кој е во конкуренција за најдобар стопер за 2010 година.

Откако пристигна во црно-белиот дрес Бонучи стана стандарден партнер во последната линија на Џорџо Киелини, со кого формираа дуо кое е заслужно што Јуве  во досегашниот тек на оваа натпреварувачка сезона во Серија А примил најмалку голови.

No comments:

Post a Comment