08 December 2010

Јуве купува дефанзивци

Челните луѓе на Јувентус се во потрага по засилувања кои би создале дополнителна конкуренција во последниот ред.


Иако беше донесен како засилување кое би значело долготрајно решение на десната бековска позиција, Марко Мота во досегашниот дел од сезоната игра разочарувачки лошо, што му дава слободно право на Марота да бара друго решение.

А идеален фудбалер за тоа место Марота гледа во десниот бек на Ливерпул и англиската репрезентација, Глен Џонсон. Неговата вредност се проценува на околу 15 милиони евра, но бидејќи Ливерпул е близу ангажман на францускиот бек Род Фани, цената на Џонсон би можела и да биде намалена.


Како дополнителна конкуренција на позицијата централен дефанзивец се споменува Салваторе Бокети од Зенит. На таа позиција стандардни се Киелини и Бонучи, а тука се и младиот Соренсен и Легротаље, но се спомнува заминување токму на Легро. Па тоа е причината што Јувентус е во потрага по дефанзивец кој би бил одлична замена во евентуална повреда на еден од двајцата стандардни дефанзивци, Џорџио и Лео.

No comments:

Post a Comment