Во недела со почеток од 20:45 часот, на Олимпико во Торино ќе се одигра дербито на престојното 16-то коло од италијанската Серија А.
Ќе се сретнат можеби најголемите конкуренти на Милан за освојување на Скудетото оваа сезона.
Јувентус во овој натпревар влегува како непоразен во последните 15 натпревари во сите натпреварувања, но и со позитивен биланс од натпреварите против екипите од „големата четворка„. Додека Лацио во дуелот влегува како второпласирана екипа, по изненадувачки добриот старт на новата сезона.
Ова ќе биде натпревар помеѓу најдобриот напад во лигата (Јувентус) и најдобрата одбрана (Лацио). Во досегашните натпревари Лацио имал (во просек) 51% посед, за разлика од 49% на Јувентус. Во просек Јуве упатувал по 16 удари од кои 6 биле во рамките на голот, додека бројките на Лацио кажуваат 15 со 5. Тимовите се слични и во умешноста да ја контролираат топката: Јуве со 64,7% успешни додавања, а Лацио со 66,5%.
Можни состави:
Јувентус: Сторари; Мота, Киелини, Бонучи, Гросо; Красиќ, Мело, Маркисио, Пепе; Кваљарела, Јакинта
Лацио: Муслера; Лихштајнер, Биава, Диас, Каванда; Броки, Матузалем; Маури, Хернанес, Зарате; Флокари
Лацио: Муслера; Лихштајнер, Биава, Диас, Каванда; Броки, Матузалем; Маури, Хернанес, Зарате; Флокари
No comments:
Post a Comment