Институтот за фудбалска историја и статистика (IFFHS) го прогласи Џиџи Буфон за најдобар голман за првата декада во овој милениум.

Голманот на Реал Мадрид и на шпанската репрезентација, Икер Касиљас го искористи фактот што одигра добра сезона како со својот клуб, така и на Светското првенство со својата репрезентација, но и повредата на Буфон, па успеа да му се приближи на голманот на Јуве, но сепак не доволно за да ја предводи оваа листа.
На листата која ја објави IFFHS се наоѓаат 76 голмани, меѓу кои 44 се од Европа, 21 од Јужна Америка, 5 од Средна и Северна Америка, 4 од Африка и по еден голман од Азија, односно Океанија.
Гледајќи по националност, на листата има најмногу Шпанци (седум), по шест Бразилци и Аргентинци, 5 голмани кои доаѓаат од Германија, па следуваат Италијаните, Французите и Русите со по тројца свои претставници....
Топ 10 најдобри голмани на декадата:
1. Џанлуиџи Буфон (Италија) 182 бодови
2. Икер Касиљас (Шпанија) 177
3. Петр Чех (Чешка) 138
4. Едвин ван дер Сар (Холандија) 105
5. Оливер Кан (Германија) 99
6. Нелсон де Жесус е Силва „Дида„ (Бразил) 90
7. Јенс Леман (Германија) 72
8. Роберто Абонданзиери (Аргентина) 68
9. Виктор Валдес (Шпанија) 64
10. Жулио Цезар (Бразил) 63
2. Икер Касиљас (Шпанија) 177
3. Петр Чех (Чешка) 138
4. Едвин ван дер Сар (Холандија) 105
5. Оливер Кан (Германија) 99
6. Нелсон де Жесус е Силва „Дида„ (Бразил) 90
7. Јенс Леман (Германија) 72
8. Роберто Абонданзиери (Аргентина) 68
9. Виктор Валдес (Шпанија) 64
10. Жулио Цезар (Бразил) 63
No comments:
Post a Comment