06 January 2011

Џеко се договорил со Јуве, но...

ФИФА агентот Џакомо Петралито открива дека Един Џеко се договорил со Јувентус, но и дека нема ништо од тој трансфер само поради правилата на италијанската фудбалска федерација.



Босанскиот фудбалер е доста близу до преселба во Манчестер Сити, но Петралито открива дека тоа е благодарение на законите (правилата) на италијанската фудбалска федерација. А тие налагаат, само еден трансфер по сезона за фудбалери надвор од европската унија (non-EU), а Јуве тоа право веќе го искористи оваа сезона, потпишувајќи со Милош Красиќ. Па така, Џеко би можел да премине во Јуве дури наредното лето.

Но, Босанецот неможе повеќе да чека и покрај неговата желба да заигра во Италија, сепак неговата кариера ќе продолжи на Островот.

„Јувентус можеше да го има Џеко, но фудбалерот неможе да чека до јуни. Клубовите се договорија за трансфер во јануари, но абсурдните правила на италијанската федерација го спречија тоа.„-изјави Петралито за Tuttosport.

„Џеко навистина беше заинтересиран за преселба во Италија, но за жал, Италија не сака да има фудбалери од светска класа во Серија А. Со ова абсурдно non-EU правило, Италија само ја уништува сопствената лига.„

No comments:

Post a Comment