13-тото коло не беше малерозно за Јуве. Благодарение на грешката (автоголот) на Едуардо, голманот на Џенова и одличниот гол на Красиќ, Јуве дојде до трите бода на гостувањето на Луиџи Ферарис.
Натпреварот започна одлично за домашниот тим кој преку Тони имаше шанса и за водство, но Сторари не го дозволи тоа. После тој момент Јуве направи доволно за да создаде водство од 0-2.
Најпрво во 17-та минута Маркисио успева да постигне гол со голема среќа и доста помош од противничките фудбалери. Тој ја шутна топката, таа го поткачи Даинели, а таа удри во стативата, потоа во главата на голманот Едуардо и заврши во голот.
Не требаше многу за Јуве да го зголеми водството. После 5 минути од првиот гол, Красиќ одлично солираше по десната страна, помина неколку фудбалери и постига гол кој значеше водство од 0-2.
По погодокот на Красиќ, свесно или не, Јуве и ја препушти играта на Џенова, а таа создаде неколку добри прилики за гол. Вредни за издвојување, пречката на Кришито во 27-мата минута и поништениот гол на Лука Тони во 33-та минута кога играше со рака.
И Јуве имаше свои шанси. Најдобрите, продорот на Красиќ во 38-мата минута и додавањето до Јакинта кој не успеа да ја смести топката во мрежата на Џенова и 82-рата минута кога Маркисио излезе лице в лице со голманот Едуардо, но не успеа да биде поуспешен од него.
Со оваа победа Јуве има 23 бода, еден зад Наполи и шест зад лидерот Милан, со што се наоѓа на позицијата четири на табелата. Следниот викенд Јуве ќе ја нагости екипата на Фиорентина.
Стрелци:(Едуардо аг 18'; Красиќ 23')
Џенова: Едуардо; Рафиња, Ранокиа (Карија 46), Даинели, Каладзе; Роси, Милането, Велосо (Рудолф 78), Крипито, Место (Дестро 46), Тони
Јувентус: Сторари; Мота (Соренсен 54), Бонучи, Киелини, Гросо; Красиќ (Сисоко 61), Фелипе Мело, Аквилани (Салихамиџиќ 80), Маркисио; Кваљарела, Јакинта
Џенова: Едуардо; Рафиња, Ранокиа (Карија 46), Даинели, Каладзе; Роси, Милането, Велосо (Рудолф 78), Крипито, Место (Дестро 46), Тони
Јувентус: Сторари; Мота (Соренсен 54), Бонучи, Киелини, Гросо; Красиќ (Сисоко 61), Фелипе Мело, Аквилани (Салихамиџиќ 80), Маркисио; Кваљарела, Јакинта
No comments:
Post a Comment