19 November 2010

Недвед за понудата на Мурињо

Откако Недвед го напушти Јуве во летото 2009 година, добил повик од Жозе Мурињо за да му се приклучи на Интер.

„Бев изненаден кога го чув неговиот глас.„ - изјави за La Gazzetta dello Sport Чешкиот фудбалер.

„Прво ме пофали и потоа ми кажа дека сум му потребен за да ја освои Лигата на Шампионите. Но, експресно го одбив. Моето срце нема никогаш да ми дозволи да играм за Интер.„

Недвед, после осум години поминати во Торино, се одлучи да го напушти фудбалот во мај 2009 година.

„Во 2006-та ветив дека ќе го вратам Јувентус во Серија А.„ - продолжи тој откако беше запрашан кога и зошто одлучил да стави крај на својата фудбалска кариера.

„Откако се вративме во Серија А и завршивме како трети во првата сезона, мојата глава неможеше да се справи со секојдневните тренинзи. Во 2009-та завршивме како втори и за да одиме чекор понатаму, огормен чекор понатаму, јас неможев да бидам повеќе од корист со моите 37 години. На Јувентус му беше потребно нешо друго и нивниот проект не ме вклучуваше мене. Мојот агент се обиде да ме предомисли да продолжам да играм и имаше понуди од Италија и од странство, но јас не се гледав себеси во некој друг дрес.„


Чехот сега повторно е во Торино како директор откако беше назначен од страна на Андреа Ањели, како претседател, но и негов близок пријател.

„Мојата работа е да бидам близу тимот, да разговарам со Дел Нери, Марота, Паратичи, Песото, да помагам таму каде треба.

„Дали ќе разговарам со Џиџи Буфон? Ние веќе се видовме и ќе се сретнеме повторно. Потполно го разбирам неговото страдање. Кога сте надвор од теренот поради сериозна повреда тогаш тоа боли. Можеби со недоаѓањето во Виново си ја намалува таа болка.

„Милош Красиќ? Имаме неколку заеднички работи - начинот на кој трчаме и како го гледаме голот. Тој одлично се движи со топка, само потребно е повеќе да се обидува со шутеви од дистанца.

„Алекс Дел Пиеро? Тој секогаш е во првите редови. Пример за секого. Очекувам да продолжи да игра уште некое време. Го има вистинскиот ментален склоп да продолжи да прави добри нешта.„

No comments:

Post a Comment