16 November 2010

Џиџи и Але остануваат

Џиџи Буфон и Алекс Дел Пиеро, легендите кои многу дале за боите на клубот, најверојатно ќе ја продолжат својата верност кон црно-белиот дрес.

На Капитенот ќе му биде понуден договор со намалена плата, па доколку ја прифати понудената сума тој ќе остане во клубот уште една сезона со можност таа верност да биде продолжена на уште една година. Ако не се постигне договор за Але има интерес од Милан, но бидејќи самиот најави дека доколку го напушти Јуве не би заиграл за друг италијански клуб, сепак следната дестинација би се барала во Бундес Лигата, САД или пак во Јапонија.

Изминативе денови постоеа гласни шпекулации дека Манчестер Јунајтед го одбрал Буфон за наследник на Ван Дер Сар на местото чувар на мрежата. Но, сепак Џиџи тоа денеска дефинитивно го отфрли како можност и најави останување.
„Ми се допаѓа новиот проект и планирам да останам.„ - изјави голманот демантирајќи ги сите шпекулации за негово заминување.
Поради повреда Буфон ќе биде надвор од терените до почетокот на јануари, кога се очекува негово комплетно заздравување.

No comments:

Post a Comment