17 November 2010

Кој ќе биде шампион? Јувентус, секако!

„Кој ќе биде шампион во Серија А? Па Јувентус, секако. Сепак збориме за најдобарата светска екипа.„ - се зборовите на претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), инаку фудбалска легенда на Бјанконерите.

„Секогаш во Торино се чувствувам удобно. Навивачите секој пат топло ме пречекуваат, а тоа е доказ дека и тие млади луѓе, кои веројатно никогаш не ме виделе на терен, ме почитуваат и сакаат. Тоа многу ми значи, но збори и за културата на овој клуб.„ - продолжи Платини, а потоа додавајќи: „Кога играв за Јувентус италијанската лига беше најјаката во светот и секој посакуваше да дојде во некој италијански клуб. Но сега се други времиња. Англиската, па шпанската и германска лига се појаки од италијанската. Всушност, трибините тука се полупразни и никој не сака да дојде тука. Се надевам дека тоа ќе се смени.„



No comments:

Post a Comment