Новото судење за она што се случило во 2006 година почнува да ја покажува вистинската страна на скандалот. Тогашниот комесар за судење, Паоло Бергамо призна дека доказниот материјал кој го вклучува Интер е остранет.

Додаде дека полицијата ги имала тие докази, но тие се остранети. „Моџи е обвинет поради еден повик, а многу други кои потекнуваат од Интер се тргнати на страна.„
Судењето продолжува и утре. Одбраната на Моџи има околу 300 телефонски разговори кои тешко го обвинуваат Интер, но и Галијани за притисок кон судиите во текот на две години, односно периодот опфатен со Калчополи.
No comments:
Post a Comment