29 November 2010

Марота: Јуве е веќе во иднината

Генералниот менаџер на Јувентус, Бепе Марота верува дека со изградбата на новиот стадион Старата Дама е веќе во иднината.


Откако синоќа беше откажан натпреварот Болоња-Киево поради обилни врнежи од снег и поради неможноста теренот да се оспособи за игра, денеска претседателот на лигата, Маурицио Берета изјави: „Мора да се движивме кон приватизација на терените или истите да се реконструираат. Имаме најзастарени терени во Европа. Само на неколку од нив има греење под почвата.„

По истото прашање коментираше и Марота: „Јувентус веќе се наоѓа во иднината. Новиот стадион ќе ја симболизира гордоста на Јувентус и ќе биде од големо значење за клубот.„

Потоа беше запрашан и за новиот проект на Јуве, на што Марота истакна дека Јувентус би бил поопасен доколку повредите би се санирале недела за недела и дека за нешто поконкретно треба време. Поточно, коцките сеуште треба да се склопуваат по летната реконструкција кога пристигнаа дури 12 фудбалери, а дојде и Дел Нери како нов тренер.

No comments:

Post a Comment