Јувентус со вчерашниот нерешен резултат против Лех Познан е елиминиран од понатамошните натпревари во Лига Европа.
Во поларни услови со темперетура од -12 степени, синоќа Јуве го одигра својот натпревар од 5-то коло од Лига Европа против полски Лех. И во овој натпревар Јувентус ремизираше со што ги загуби сите шанси за пласман во елиминационата фаза.
Во првиот дел од натпреварот додека временските услови беа подобри (ако тоа така може да се каже) Лех успеа да поведе доста рано и со резултат од 1-0 да се замине на полувреме. Вториот дел беше сосема различна слика. Теренот обелен и според играчите, видливоста била скоро никаква. И покрај тоа, Јуве создаваше шанси, но реализација немаше се до 84 минута кога Јакинта го изедначи резултатот.
После ова, натпреварот против Манчестер Сити ќе биде само формален.
No comments:
Post a Comment