Во неделниот натпревар Аквилани се пожали на повреда по што побара да биде заменет за да не дојде до некои сериозни компликации.
Сепак по денешните лекарски прегледи констатирано е дека не се работи за никаква повреда и дека се работело само за напрегање на бутниот мускул. Иако се претпоставуваше дека нема да настапи против Фиорентина, сепак Алберто ќе командува со централниот дел од играта на Јуве. Сепак мора да одмара два дена, па потоа ќе се врати на тренинзите.
Одлична вест од Виново е и дека од денес на тренинг се враќа и Џиџи Буфон, кој поради повреда нема заиграно натпревар од Светското првенство изминатото лето. Опоравувањето тече според планот, па така и очекувањата дека Џиџи може да го очекуваме меѓу стативите кон почетокот на наредната година.
Akvilani dzver
ReplyDelete