Екипата од Торино се интересира за 22-годишниот крилен фудбалер на Борусија Дортмунд, Нури Сахин.
Сахин е роден во Германија, но настапува за земјата од каде што има корени, Турција. Младиот Нури со својата игра многу потсетува на својот „сонародник„ Месут Озил, па германските весници уште го нарекуваат и „Новиот Озил„.
Се претпоставува дека Борусија би дозволила својот фудбалер да си замине за сума од 15 милиони евра. Но за него се заинтересирани Баерн Минхен, Ливерпул и Барселона, а тоа ја отежнува задачата на Јуве да дојде до неговиот потпис.
No comments:
Post a Comment