
Останува уште еден натпревар и со тоа ќе заврши оваа календарска 2010 година. Во досегашниот дел од сезоната Јувентус покажува комплетно друго лице за разлика од она мрачно од минатата сезона. Всушност, минатогодишните слаби резултати не беа последица само на тогашните слаби игри, туку тоа беше резултат на неколкугодишната работа на некои луѓе да го уништат недостижно најдобриот клуб во Италија.
За среќа, наша и на клубот, на чело дојде Андреа кој КОНЕЧНО го врати она што се нарекува Stile Juve. Екипата го врати својот карактер, глад за победување, борбеност, мотото „ништо не е готово, додека не е свирено крај„. А за тоа заслужни се и Марота и Дел Нери, но, секако и самите фудбалери.
Stile Juve е најбитната состојка за успешноста на овој клуб. Тоа е она што Јуве го имал од своето формирање, па низ целиот период на своето постоење. Тоа е она што секој кој игра за него мора да го поседува во својата ДНК. Со Stile Juve се раѓате или не, неможете тукутака да го измислите, но неможете со ништо ни да го уништите.
Јуве има низа од 16 натпревари без пораз што ни дава за право да веруваме дека Старата Дама го надживеа мрачниот период од лажираното Калчополи па наваму. Секако дека има остатоци од тој период во видот на Гросо, Амаури и слични на нив, но да се стрпиме уште неколку недели кога и ќе се ослободиме од овие штетници, кои се тука само да би обезбедиле подебели џебови по нивното пензионирање.
За крај, мораме да веруваме во проектот на новата управа и секако во можностите на нашиот тим дека може далеку да догура, па зошто и да не до Скудетото уште оваа сезона.
Forza Juve. Tu sei la squadra del cuore.
No comments:
Post a Comment