13 December 2010

Серија А: Јувентус 2-1 Лацио

Јуве синоќа одигра одличен натпревар совладувајќи го Лацио и превземајќи го второто место токму од Римјаните.


Бјанконерите доста рано, уште во 2-рата минута дојдоа во водство. Од корнер нафрли Аквилани, а на таа топка со глава налета Киелини и ја погоди мрежата. Следуваа уште неколку шанси за Јуве, но Лацио успеа, во 14-та минута, да го замолчи Олимпико, постигнувајќи изедначувачки погодок преку Зарате. Веднаш после голот на Аргентинецот во следната акција Флокари имаше можност и да го доведе Лацио во водство, но не успеа. Тоа беше се што стори римскиот тим на ова дерби. Од тој момент постоеше само една екипа - Јуве, а Бјанкочелестите беа ориентирани кон одбрана, чекајќи шанса преку контра-напади.

Тоа беше и можност Јуве да создава шанси. Аквилани од слободен удар ја погоди пречката, Красиќ со обид за лоб удар за малку беше не прецизен, Маркисио исто така имаше одлична можност, но резултатот упорно кажуваше 1-1. Во продолжението се создаваа уште шанси на кои главен иницијатор беше Красиќ, кој беше можеби и најдобар поединец на ова дерби. А можеби најубава шанса за водство Јуве имаше преку Дел Пиеро кој од слободен удар од косо шутираше директно во голот, но Муслера покажа неверојатен рефлекс.

Во тек беа последните секунди и кога сите се помирија со нерешен резултат, Сисоко упати прекрасна топка за Красиќ кој лесно го помина Каванда и со одмерен удар, но и со помош на Муслера, приреди ерупција на Олимпико.

Со оваа победа Јуве го превзема второто место на табелата, со исто бодови како и Лацио и Наполи, но 6 зад Милан.


Стрелци:(Киелни 2'; Зарате 14'; Красиќ 90+4')
 
Јувентус: Сторари; Соренсен, Бонучи, Киелини, Гросо; Красиќ, Фелипе Мело, Аквилани (Сисоко 88), Маркисио (Пепе 66); Кваљарела (Дел Пиеро 70), Јакинта
Лацио: Муслера; Лихштајнер, Биава, Диас (Диаките 60), Каванда; Броки, Матузалем; Маури (Ледесма 87), Хернанес, Зарате (Дел Неро 89), Флокари

No comments:

Post a Comment