16 December 2010

Лига Европа: Јувентус 1-1 Ман. Сити

Во својот последен натпревар од групната фаза Јувентус на свој терен ремизираше со екипата од синиот дел на Манчестер.


Со денешните 1-1 Јуве го завршува својот настап во Лига Европа со шест нерешени резултати од исто толку натпревари.

На Олимпико се одигра натпревар во кој двете екипи влегоа релаксирано, Јуве без шанси за понатамошен пласман, Манчестер Сити со веќе обезбеден пласман. Па така, за Јуве, имаа можност да настапат фудбалери кои вообичаено помалку играат и некои од помладите фудбалери. Својата шанса најубаво ја искористи младиот Николо Џианети на кого ова му беше прв настап во црно-белиот дрес воопшто. А младиот напаѓач ќе го памти своето деби по својот првенец. А голот за Сити го постигна Жо.

Ова беше ништо повеќе туку потежок тренинг натпревар пред престојното важно гостување кај Киево, кое ќе биде доста важно во задржување на второто место пред новогодишната мини-пауза. 


Стрелци:(Џианети 43'; Жо 76')
Јувентус: Манингер; Григера, Легротаље, Киелини, Траоре (Бониперти 67); Красиќ (Камилери 57), Фелипе Мело, Сисоко, Пепе; Џианети (Бушел 79), Дел Пиеро
Ман.Сити: Гивен; Боатенг, Ричардс, Бојата, Бриџ; Врајт-Филипс (Чентлер 91), Милнер, Виеира, А. Џонсон; Жо, Нимели (Забалета 61)

No comments:

Post a Comment