19 December 2010

Серија А: Киево 1-1 Јувентус

Јувентус не успеа да стигне до победата на гостувањето кај Киево и со тоа да се искачи повторно на второто место на табелата.

 

Натпреварот започна со иницијатива на домаќините, па тоа резултираше со досуден пенал. Во 15-тата минута Киелини направи пенал, но шутот на Марколини го одбрани Сторари.

Убава шанса за погодок имаше Соренсен кој убаво се снајде после петата на Кваљарела, но неговиот шут заврши во стативата и домаќините исфрлија во корнер. Токму после овој корнер Кваљарела постигна прекрасен гол со ножички и го доведе Јуве во водство од 1-0.

Следува неколку шанси на Јуве да го зголеми водството, но ниту една не беше искористена. Половина час Бјанконерите играа и со фудбалер помалку откако Џандонато беше исклучен со директен црвен картон.

Но и тоа не беше пречка Јуве да создава шанси. Јакинта во 69-тата минута доби одлична топка од Красиќ, но успеа да го погоди само голманот на Киево, Сорентино. Во 80-тата минута Красиќ претрча добри 50-60 метри, помина 2-3 фудбалери, дури и голманот Сорентино, но од косо ја погоди рамката на голот.

И нормално, според старото непишано правило, казната стигна. Во 93-тата минута Пелисие успеа да погоди за 1-1.


Стрелци:(Кваљарела 30'; Пелисие 93')
Киево: Сорентино (Скуизи 61); Сардо, Мандели, Цезар, Мантовани; Фернандес (Бољиачино 79),  Гуана, Марколини (Граноче 62), Констант, Пелисие, Москардели
Јувентус: Сторари; Соренсен, Бонучи, Киелини, Гросо; Красиќ (Легротаље 88), Џандонато, Аквилани , Пепе (Траоре 91); Кваљарела (Салихамиџиќ 58), Јакинта

No comments:

Post a Comment