11 December 2010

Надежта на Јуве

Полека, но сигурно одминува половина од сезоната 2010/2011, па редно време е да се осврнеме на досегашната работа.

Пред почетокот на новата сезона, луѓето задолжени за трансфер политиката на клубот на чело со Бепе Марота, направија огромна реконструкција во тимот. Пристигнаа дури 10 нови фудбалери, но поинтересно е колкумина го напуштија Јуве, кој продаден - кој на позајмица. Од клубот заминаа дури 28 фудбалери и сега ќе се задржиме на оние младите кои сеуште му припаѓаат на Јуве, но се на калење во други клубови.


Фудбалер Позајмен во Натпревари / Голови
Симоне Еспосито Асколи 4 / 0
Фаусто Роси Виченца 5 / 0
Јаго Фалке Виљареал Б 14 / 4
Чиро Имобиле Сиена 2 / 1
Андре Куниз Алесандриа /
Рафаеле Бианко Беневенто /
Себастијан Џиовинко Парма 9 / 1
Кристијан Пасквато Модена 6 / 5
Џорџио Мерлано Виареџо /
Карло Пинсољо Виареџо /
Лука Кастиља Виареџо /
Алесандро Д'Антони Виареџо /
Симоне Серино Поџибонси /
Тимоти Ночи Поџибонси /
Албин Екдал Болоња 8 / 0

Овој сегмент од „создавање„ фудбалери е доста битен со оглед на тоа што европската фудбалска федерација (УЕФА) планира да воведе измени што се однесува до трансфер политиката. Европската куќа на фудбалот планира да направи нешто за да се спречат трансферите со вртоглави суми на кои сме сведоци во последно време, односно клубовите да трошат онолку колку што заработиле. Токму затоа, иднината Јуве ја гледа во неговата школа. 

No comments:

Post a Comment