Текстот што ќе го прочитате во продолжение е превземен од juvebalkan.com и ќе ви го пренесам преведен во целост.
Оваа приказна е скоро 10 години во изработка и нема никаква врска со фудбалот. Се’ е до пари, власт и политика. Бев вмешан во разни активности кои се вртеа околу Калчополи скандалот и станав стручњак за оваа тема. Течно говорам италијански и како резултат на тоа имав можност да поминам низ архивите на новинарските вести, интервјуа и книги (напишани од адвокати), бидејќи повеќето докази ги добивате од изјавите, декларациите и казните од страна на судиите.
Повеќето Јувентини и анти-Јувентини (надвор од Италија) незнаат дека ниту еден доказ неможе да се поврзе со Моџи и наместени натпревари.
Па, зошто казни? Еднакво е чудно, зошто Милан доби шамар после тоа што Меани му се закануваше на линискиот судија преку телефон: „Кога е Милан на терен задржи го своето знаменце доле, освен ако топката е на другата страна, инаку ке кинеме глави.” – Леонардо Меани. Зошто инвеститорот на Интер и поранешен нивни вработен дозволувал контрола на судењето? Овој човек, Гуидо Роси не само што ги изоставил доказите дека Јувентус бил дискриминиран, туку и ги уништил доказите кои би го осудиле Интер. Дали луѓето знаат дека има телефонски доказ за договорено реми меѓу Милан и Удинезе и дека Колина и Галијани лично се сретнале во ресторанот на Меани. Меани лично ги превземал повиците кои би го инкриминирале Јувентус, а тој понатаму би ги проследил на Морати кој би ги уништил доказите кои би го вклучиле Интер.
Полицаецот Адамо Бове го призна сето ова и потоа се уби на 21.07.2006. Касетите со овој разговор никогаш не се преслушани на суд иако тоа го барала одбраната на Јувентус. Луѓето ја прифаќаат оваа лажна вистина бидејќи им одговара тоа што нивниот тим губел бидејќи натпреварите биле наместени. Поради тоа планирам да напишам книга на англиски, но морам да го испитам интересот за тоа. До тогаш прочитајте го овој текст кој ќе ви ја појасни ситуацијата, т.е. лошата медиска слика која е фрлена на Јувентус.
Поминаа 12 месеци од скандалот кој беше на насловните страни на сите жолти штампи, а кој се однесуваше на Јувентус, Лацио, Милан, Фиорентина и Интер (да Интер) и луѓето кои го контролираа италијанскиот фудбал. Сите знаеме што се случи иако некои се повеќе збунети од другите. Сите истотака ги знаеме и резултатите од сето тоа. Малкумина знаат кој стои зад сето тоа. Со ова на ум го пишувам ова. Многу од работите се скриени од јавноста и само преку архивата „купола„ се открива правото лице на скандалот. Многу работи не требаше да се откријат, но волјата и страста надвладеаа.
Императив е да се казнат сите вистински кривци кои прво треба да се идентификуваат па да се изнесат пред лицето на правдата. Не морам да зборам кои се Моџи и Галијани бидејќи тие се познати во секоја куќа која го прати фудбалот.
Сакам да ги откријам луѓето кои се позади овие личности, луѓе од сенка кои придвижуваат се’. Учесниците на Калчополи скандалот стојат зад три групи па да видиме кои се тие.
Првата група е Телеком Италија, италијански телефонски и интернет провајдер кој го држи и TIM кој е задолжен за мобилната телефонија на чие чело е Роналдо Феномено. Сопственик на компанијата е извесен Трончети Провера. Трончети е долгогодишен навивач на Интер и акционер. Тој и Телеком се најголеми инвеститори во Интер. Неговата фирма за производство на гуми „Пирели„ стои на дресовите на Интер.
Втората група се медиумите. Овде се вмешани доста акционери и новинари. Весниците како Corriere dello sport, Contro campo, Messagero, La gazzetta dello sport брзо ја проширија веста не обрнувајќи внимание на последиците. La gazzetta dello sport (некои го викаат La gazzetta dello Inter) е подржана од семејството на Морати.
Ова не води до третата група – Интер и неговите челници со кои управува семејството Морати. Морати е тесно поврзан со Трончети и неговото царство и со тв куќата Telenova. Сето тоа им помогна да управуваат со овој скандал преку медиумите.
Како? Масимо Морати го наговорил Трончети да прислушкува разговори и да му ги предава нему. Овие прислушкувања вклучувале делегати и судии кои би биле доделени на Интер, вкупно околу 100.000 снимки. Водството на Интер планирало овие снимки да ги презентираат пред истражителите за да покренат истрага против нивните ривали. Доказите се претставени на судовите во Торино, Рим и Наполи.
Сите судови одговориле дека на снимките нема никакви инкриминирачки докази. Планот на Морати станувал се помрачен. Снимките се предадени на сите медиуми во кои Интер имал свое учество.
Резултатот е медиумска лудница која ја натерала FIGC (Фудбалска Асоцијација на Италија) да покрене истрага и да суспендира многу делегати (кои покасно се вратени на должност) оставајќи ги само оние кои не се вмешани да ја довршат истрагата.
Овој потег го извлече Гуидо Роси од сенка. Бидејќи бил од ретките кои не се снимени, Гуидо станал главен во истрагата па така ја бирал поротата и ја контролирал истрагата. Гуидо избрал свои колеги па судењето кое требало да трае година дена, го привел кон крај за скоро три недели. Секако, додека бил на чело на FIGC заборавил да спомене дека е еден од поголемите инвеститори на Интер и дека е поранешен челник на Интер кој со години седел рамо до рамо со Морати.
Истрагата изнела уште докази. Сите се сеќаваме на неколкуте Масерати кои беа давани како поклон на Јувентус за услуги (без регистрации, сериски броеви или докази за сопствеништво).
Се сеќаваме и на финансиската полиција која упаднала во просториите на Јувентус и во куќата на Фабио Канаваро барајќи докази за илегални трансфери. Секако дека не нашле ништо.
Се сеќаваме ли на сите телефонски разговори меѓу генералниот директор Џакинто Факети, Паирета и Бергамо (делегат за судии) во кои е барано кој ќе му суди на Интер. Бергамо во едно интервју за Sky рекол дека ниту еден делегат не му се јавувал толку колку Факети.
Всушност Факети и повеќе пати ручал со Бергамо во својот дом. Истотака е дознато дека Интер фалсификувал пасоши на странски фудбалери, т.е. учествувал во финансиски малверзации. Роси никогаш не ги одбрал овие материјали сметајќи дека се неважни.
За помалку од месец дена Интер го „освои„ скудетото. Некако Интер ја имал титулата два дена пред крајот на истрагата. Кога завршила истрагата сите освен Интер се казнети. Најтешката е казната на Јувентус. Единствениот натпревар во кој е докажано дека е наместен е Парма – Фиорентина, што и помогнало на Фиорентина да остане во Серија А.
Но и покрај тоа Фиорентина остана во Серија А. Жалбите малку ги намалија казните, но на крајот Интер ја доби титулата и беа прогласени за шампиони на Италија.
Кога Фиорентина го изгуби местото во Лигата на Шампионите (вредно околу 22,5 милиони), додека Милан мораше доста да го менува играчкиот кадар, Интер остана без конкуренти. Интер имаше монопол ба пазарот бидејќи за мали пари ги доведоа Виеира и Ибрахимовиќ, а останаа единствен тим во трката за доведување на Фабио Гросо.
Да не беше Калчополи Интер ќе беше таму каде отсекогаш бил без Ибра и Виеира – зад ривалите.