Вистината за Калчополи vol.3

Имам докази кои Јувентус сакал да ги користи во жалбата која е повлечена од судот. Имам транскрипти од разговори кои не се искористени на суд.
Имам досиеја монтирани против Интер и Милан, потоа истражувањата за Калчополи и времете после него, разни книги издадени година подоцна од страна на адвокати за да се фрли светло на Калчополи. Истотака имам пристап до разни интервјуа кои се фрлени во сенка, дури и youtube стана извор на информации поради интервјуата кои се тука поставени. Најважно е што ги имам вистинските изјави на судиите и други лица, а и вистинската казна за Јувентус. Овде се присутни најголемите контрадикции што потполно го дискредитираат случајот. Ги имам сите имиња и датуми.

Тука е проблемот, сите информации се на италијански. Ако го разбирате ќе ги споделам со вас. Ако не, тогаш поставувајте прашања. Вака работам со сите. Не знам сениту мислам дека знам. Ако нешто не знам ќе нагласам дека тоа е мое мислење, а не факт, т.е. не сакам да ја дезинформирам јавноста (како италијанската штампа).

Еден фан бараше статистички податоци за едно видео кое планира да го направи. Затоа ископав уште неколку работи. Истотака и еден контакт од youtube бараше уште некои податоци па нив ќе ги ставам во мејл. Што се однесува до статистиката ќе видам што можам да направам. Имам еден текст кој лично го имам напишано со надеж дека goal.com ќе го објави, но два пати го одбија. Ќе го пратам и него во мејл. Информациите се од следниот линк http://www.sportnews.it/articoli/200...te_1398365.php. Текстот опишува студија после Калчополи и говори за тоа дека обвинителите стануваат обвинети. Се прашувам зошто goal.com не сака да го објави мојот текст.

На оваа страна има и студија за статистичките податоци поврзани за судиите во сезоната 2004/2005. Оваа листа покажува како тимовите би имале корист од играчите кои би требало да добијат уште еден картон за суспензија:

Аталанта 22
Бреша 19
Реџина 18
Интер 17
Јувентус 17
Лече 17
Ливорно 17
Месина 16
Каљари 15
Сампдорија 15
Лацио 14
Парма 14
Сиена 14
Удинезе 14
Киево 13
Милан 12
Болоња 10
Палермо 9
Фирентина 8
Рома 8

Wow…..изгледа дека Аталанта (испадна во Серија Б) би требало да биде под истрага. Смешно е што Интер и Јувентус се на исто.

Другава листа покажува како тимовите имале корист од неиграњето на играчи кои на претходен натпревар добиле картон за суспензија. На пример замислете да играат Милан-Ливорно, а да во Ливорно неможе да игра Лукарели поради картони, ова се смета како +1 за Милан:

Аталанта 30
Реџина 27
Јувентус 25
Бреша 24
Лече 23
Сампдорија 22
Лацио 22
Сиена 22
Интер 21
Парма 21
Болоња 20
Ливорно 19
Каљари 19
Удинезе 19
Милан 19
Месина 18
Киево 18
Палермо 16
Фиорентина 12
Рома 11

Аталанта е пак прва. Уште посмешно е дека тимот кој е обвинет за местење е на трето место со само бод повеќе од Бреша (кој испадна) и само 4 картони повеќе од „поштениот„ Интер. Земете ги во предвид 38-те натпревари по 90 минути, па може да се каже дека статистички тоа е скоро никаква разлика.

Третата листа го прикажува вкупниот број на картони. Со други зборови небитно од тоа дали претходно имал картони ако оваа недела играат Јувентус-Интер, а Емерсон добил картон минатата недела на натпреварот Јувентус-Палермо, Интер би бил на +1 (идејата е дека Емерсон би требало да игра посмирено за да избегне нов картон):

Аталанта 97
Лацио 90
Лече 88
Каљари 86
Киево 86
Реџина 85
Јувентус 85
Интер 83
Месина 83
Бреша 80
Удинезе 80
Болоња 79
Палермо 79
Сампдорија 76
Ливорно 75
Милан 75
Парма 74
Рома 74
Фиорентина 69
Сиена 65

Јувентус е шести, а Интер осми со само 2 помалку. Аталанта и понатаму е прва.

Гледајќи ја четвртата листа забележуваме неконстантност на давање картони. Оваа листа покажува колку пати некој тим имал корист ако некој противнички фудбалер добил црвен картон на претходниот натпревар:

Реџина 12
Болоња 9
Сампдорија 9
Сиена 9
Аталанта 8
Јувентус 8
Палермо 8
Парма 8
Киево 7
Милан 7
Лацио 6
Удинезе 6
Каљари 4
Бреша 4
Ливорно 4
Рома 4
Лече 3
Интер 3
Фиорентина 3
Месина 2

Конечно Аталанта не е прва, но не и Јувентус. Всушност и двете екипи се близу Милан на кој му е дозволено да остане во Лигата на Шампионите.

Во петата листа, мерило е тоа колку жолти картони се покажани на противниците на тој тим пред тој натпревар. Можеби ова докажува дека Моџи е лопов.

Рома 108
Фиорентина 97
Лацио 90
Палермо 89
Сампдорија 88
Каљари 88
Јувентус 84
Милан 84
Лече 84
Реџина 82
Удинезе 80
Сиена 77
Киево 77
Месина 75
Парма 74
Болоња 73
Ливорно 73
Интер 73
Аталанта 67

Изгледа дека Јуве и Милан се седми.

Листа број 6 ми е омилена. Покажува колку пати противникот на тој тим добил црвен картон во натпреварот против нив. Со друи зборови, играат Јувентус-Реџина и Зебина добива црвен картон и тоа е +1 за Реџина.

Каљари 11
Рома 9
Бреша 9
Болоња 8
Ливорно 7
Фиорентина 7
Лацио 7
Лече 7
Реџина 7
Палермо 6
Сампдорија 6
Милан 6
Киево 6
Удинезе 5
Сиена 5
Месина 5
Парма 5
Интер 5
Аталанта 3
Јувентус 2

Изгледа дека Јуве имал предност во дури 2 натпревари од вкупно 38.........wow. Интер таа предност ја имал 5 пати.

На крајот сакам да ја споменам студијата од два универзитета за сезоната 2004/2005. Universita di Messina и Queen Marry University во Лондон направиле анализа за судиите и тимовите под истрага. Истражувачи биле професор Петро Навара (Месина), Дарио Маимоне (Месина), Ансалдо Пати (Месина), Валтер Дистасо (Лондон) и Лео Леонида (Лондон). Резултатите се објавени во изданието на La Stampa од 3-ти септември 2006 година.

Истражувањето покажало дека само Лацио бил под влијание на судиите кои биле под истрага. Милан и Фиорентина немале никаква вмешаност. Со други зборови, немале ниту поголеми ниту помали шанси кога им суделе тие судии. Интересно, единствено Јувентус бил оштетен од судењето на споменатите судии, поточно имале поголеми шанси да загубат бодови кај судиите кои „контролирале„.

Внатрешни работи

Пробувам да избегнувам да зборам за ова бидејќи многу ме загрижува.
Постојат две страни во фамилијата Ањели. Тука е Андреа Ањели (кој ја сака Тријадата [Моџи, Гираудо и Бетега]) и Страната на Елкан (која го сака Монтеземоло). Страната на Елкан сакала целосна контрола над работата во ФИАТ (вклучувајќи и спорт) и поради тоа траат внатрешните превирања во Јувентус  во последните 5 години. Се сеќавам дека читав за тоа додека живеев таму. Сите знаевме дека Ањели повеќе не даваат финансиска подршка и не го криеле тоа.

За да превземе контрола Елканови морале да се решат од Моџи и Гираудо бидејќи ги воделе тимските работи. И не само тоа, Тријадата била сакана и од навивачите на Јувентус и имале сигурни места меѓу акционерите. Не морам ни да спомнувам дека ако би ја отпуштиле Тријадата дека ќе им направеле само корист на Милан и Интер (двата тима пробале да ги привлечат кон себе. Галијани го признал тоа, а Моџи имал писмено дека и Морати го сакал истото, но тој подоцна го демантирал тоа). Им требале Моџи и Гираудо да бидат надвор од фудбалот, им требале суспендирани.

Доказ 1

Недели пред скандалот миланската берза регистрирала 4 пати поголем промет на акциите на Јувентус.
Финансиската полиција во својот извештај заклучила дека одредени акции се продадени на нови акционери. Овие нови акционери ја намалиле моќта на Моџи и Гираудо кои биле најголеми акционери. Овие двајца не се бореле туку дале оставки за да не бидат надгласани.

Доказ 2

Фиат и нивната компанија Ифил не сакале да ги бранат Моџи и Гираудо туку тие мораа сами да бараат адвокати. За да го одбранат Јувентус, Фиат го земале адвокатот Закони кој не направил ништо. Тој безброј пати изјавувал дека работите можеле да бидат полоши поради доказите (Серија Ц, од говорот на собранието на акционери на Јувентус на 26.10.2006 г.). Сега кога имаме докази и кога е запрашан поради што Јуве требало да биде пратен во Серија Ц одлучил да молчи. Закони почнал да го брани Јуве дури откако на сите останати им се намални казните и сите останаа во Серија А (еден дури и во Лига на Шампиони) освен Јуве. Тогаш Јуве одлучил да се жали на судот во Лацио (жалба која можам да им ја покажам на заинтересираните). Се чинело дека Елканови се издадени од судот. Можеби Серија Б со 30 бода минус (покасно 17) не било тоа што се договориле. Жалбата е направена со бес и е доставена на суд на 31 август. Закони се повлекува, а со него и тужбата. Недела покасно казната е намалена на Серија Б и 9 бода минус. На 4 октомври во интервју за Tuttosport поранешниот претседател на Уставниот суд Антонио Балдасаре тврдел дека доколку Јувентус бил упорен со жалбата дека најверојатно би го урнал целиот криминален систем кој го контролира фудбалот. Па зошто се откажале само неколку саати пред судењето?

Доказ 3

Закони и Коболи Гиљи изјавиле дека притисокот на медиумите поради веројатната суспензија на сите италијански клубови од натпреварувањата на УЕФА и ФИФА ги натерал да се откажат од тужбата. Зошто? Кој вршел притисок на нив да се откажат? Министерот за спорт Меландри индиректно кажал кој е тоа кога му се заблагодарил на Лука Кордеро ди Монтеземоло (десна рака на Елкан) кога Јувентус ја повлекол тужбата. Монтеземоло е директор на Фиат и уште побитно претседател на Ферари. Во текот на судењето жена по име Катерина Платеа (работела со снимените разговори за обвинителот Адамо Бове) признала дека менувала и уништувала разговори за Бове (кој изврши самоубиство две недели потоа), а истотака открила и уште нешто шокантно. Монтеземоло бил често во Телеком Италија каде она примала повици. Признала дека го видела како излегува од канцелариите на Трончети Провера и Масимо Морати. Зошто тие би се среќавале? Го добивме мотивот неодамна кога Телеком Италија го спонзорираше Ферари со милион евра, истиот Телеком Италија кој го шпиунираше Јуве и чив сопственик е Трончети (истотака сопственик на најголемиот спознор на Интер, Пирели и на TIM).

Факт: Сите челници на Јувентус се од страната не Елкан
-Секо – директор во Ифил
-Коболи Гиљи – поранешен менаџер на Фиат
-Блан – директор во Ифил

Популарна теорија меѓу навивачите е дека Фиат сакал да ја смали вредноста на акциите па после во целост да го откупи Јувентус бидејќи веќе имале 60% од акциите. Се очекувало дека доколку Јуве се квалификува за Лигата на Шампионите дека ќе биде ставен на пазарот. Голем знак бил и 104.5 милион евра кои Елканови ги инвестирале во клубот како пари за засилувања. Наместо тоа парите отишле за отплата на долговите поради испаѓањето и за финансирање на новиот Деле Алпи. Помалку од 10 милиони се искористени за играчи. Повеќето играчи се платени со парите од продажба на играчи. Па логично, полесно е да се продаде тим со помалку квалитетни фудбалери и без долгови отколку тим со доста ѕвезди и стадион кој треба да се реновира. Ако би бил продаден, Фиат би можел да инвестира во тим кој отсекогаш бил нивен приоритет.....Ферари. Еден тим е жртвуван за доброто на другиот.

Можеби ги немаме сите одговори, но сеукажува на кртица, издајништво и договор помеѓу Телеком (Морати – Трончети – Роси) и шефовите на Фиат (Елкан – Монтеземоло).