Вистината за Калчополи vol.4

Клучни преводи на документи од судењето. Ова се исечоци од казната која го прати Јуве во Серија Б.
Прво морам да ја објаснам разликата меѓу казната под член 1 (одземање бодови) и казната под член 6 (исфрлување). Член 1 е неспортско однесување (приговор кон судија) додека член 6 местење натпревари. Бидејќи против Јуве не е најден ниеден доказ за член 6, FIGC (Фудбалска Асоцијација на Италија) и CAF (Апелационен суд) направиле нешто што до тогаш не го направиле никогаш. Направиле член од полно кршење на член 1 за да го креираат член 6. Ова е како да кажете дека три кражбо на кола чинат едно убиство. Ова е критикувано од страна на судиите и адвокатите.

Следува изјавата од Апелациониот суд (Комисија за жалби – CAF) и Федералниот суд (CF). Клучните точки се:
- стр.74-75 CAF тврди дека нема никаков Моџи систем, спротивно од Gazzetta.
- стр.76 тврди дека не посоти член 6 против Јувентус и затоа наведува нов член (кој е многу критикуван). Причината зошто е ова скандалозно е дека се обидуваат да ги убедат луѓето дека Јувентус имал бодовна корист иако немал наместено ниеден натпревар. Како? Единствен начин да се добијат бодови се победите или реми натпреварите, а ако Јуве не местел тогаш натпреварувањето е легитимно. Зарем не?
- стр.83 CAF вели дека изборот на судии е вршен според сите прописи на FIGC, а со тоа дека сите телефонски разговори на Моџи се легитимни и не влијаеле на изборот на судиите.
- стр.101 сигурен сум дека сте слушнале за системот на Моџи за жолти картони со кој клучните играчи на противничките тимови добивале картони за да не играат против Јуве. На оваа страна се вели дека таков систем не постои.
- стр.65 CF тврди дека Моџи и Гираудо работеле независно од Јувентус и неговите сопственици. Со други зборови, требало да ги казнат само нив двајца, а не целиот клуб (тоа е дупка во законот која го задржа Милан во Лигата на Шампионите).
- стр.61 CF тврди дека Јувентус нема никаква поврзаност со опстанокот на Фиорентина откако Де Сантис го наместил натпреварот Лече-Парма со што е спасена Фиорентина.
- стр.66 CF тврди дека иако не местел натпревари Моџи имал можност тоа да го прави. Па значи ако имате кола и шише вино тогаш вие возите пијани и треба да ви се суди.
- стр.74 CF вели дека не постои ниеден доказ за наместени натпревари.
- стр.77 CF вели дека доказ против Јувентус е тоа што завршиле први на крајот на сезоната. Стварно се криви што биле први. Значи ако возите тоа е доказ дека крадете автомобили. Дали веќе се смеете на ова?

Судијата на CF, Пиеро Сандули имал интервју за „il giomale„ на 27.07.2006 година каде бил запрашан поради што ја одобрил оваа казан. Одговорот бил „Немало криминални активности; сезоната 2004/2005 не е наместена. Единствен сомнеж беше натпреварот Лече-Парма (нема никаква врска со Јувентус и Моџи) кој го погледнавме доста пати (без снимка). Во секој случај сезоната е легитимна.„.
Ќе додадам само дека тој има криминално досие поради незаконско работење додека бил во градското собрание во Рим и тоа дека е навивач на Лацио.

Судијата на CF, Марио Серио во интервју за „la republica„ на 27.07.2006 година изјавил дека и покрај недостаток на докази против Јувентус клубот е исфрлен во Серија Б и дека му се одземени титули поради заедничките интереси на луѓето кои биле вклучени во истрагата.

Морам да додадам дека во судот не се преслушани снимки. Само се претставени транскрипти (кои се менувани). Истотака на одбраната не и е дозволено да користи видео докази. Не било дозволено ниту изведување сведоци. Одбраната имала малку повеќе од три дена да се подготви и медиумите незаконски добивале информации пред одбраната. Дали е ова чудно? Потпредседателот на Интер е сопственик на Gazzetta dello sport, а весникот го водат два големи интерови инвеститори (Вердели и Канаво) додека Corriere dello sport го води тим менаџерот на Интер, Бартолоци.

Ова се само делови од целата приказна. Затоа полудувам кога слушам дека Јувентус лажел и дека Моџи е криминалец. Ќе бидам среќен со сите ова да со споделам преку мејл.
Ќе ја додадам и жалбата која Јувентус ја повлече неколку саати пред судењето. Жалбата можела да го спаси Јувентус и да го уништи криминалот во фудбалот. После повлекувањето на жалбата FIGC јавно му се забалагодарува на Лука ди Монтеземоло (директор во Фиат и претседател на Ферари). Месеци покасно сопственикот на Телеком Италија, Трончети (кој го шпиунирал Јуве) го спонзорира Ферари во Формула 1.

Швајцарските сим картици

Година дена после неуспехот да докажат дека има наместени натпревари, полицијата во Наполи нашла нов доказ. Наводно Моџи на судиите им давал швајцарски сим картици да не можат да ги шпиунираат. Обвинителите претпоставувале дека тие служеле за илегални активности иако неможеле да ги преслушаат. Моџи и судиите одговориле дека никогаш не се јавувале меѓу себе. Овој дел од судењето сеуште трае.

Обвинителите во Наполи му одговориле на Моџи преку табела со имиња, датуми и броеви кои биле бирани во текот на сезоната 2004/2005. Моџи одговорил дека броеви можеби се точни, но дека имињата и датумите се лажни.

Сите продолжиле да ги негираат меѓусебните повици, иако изгледа дека никој не им верувал.

Како резултат на сеМоџи на националната телевизија изнесол тврдење дека повиците можат да се лажираат по пат на компјутерски софтвер. Следело исмејување од јавноста. Една седмица покасно повторно го повикале во телевизијата, а со него и телефонски техничар да ги дискредитира тврдењата на Моџи.
Техничарот покажал колку е лесно преку софтвер да се фалсификува повик. Гледајте како техничарот исклучува телефон на една личност, а потоа преку компјутер повикува друга личност со бројот кој што го исклучил. Бројо на исклучениот телефон се појавува на телефонот на личноста која се повикува. Моџи има насмевка на лицето........Публиката останала мирна.


Техничарот истотака кажал дека преку софтверот Cambia voce (промена на гласот) може да се направи повик од телефон A на телефон B со глас од некоја личност C. Со други зборови, сите снимки на повици потекнуваат можеби од други луѓе. Се што е потребно е снимка со гласот на Моџи. Софтверот менува тон, јачина и боја на гласот па друга личност може да направи повик со гласот на Моџи. Техничарот кажал дека би се согласил да сведочи за ова.

На Јувентус му се одземени две титули, но една е вратена и не е доделена никому. Другата му е доделена на Интер  кој завршил трет. Гуидо Роси го објаснил тоа дека мораат некому да ја дадат титулата инаку ќе имаат клуб помалку во Лигата на Шампионите (срање!!!), а бидејќи неможеле да дозволат Јувентус да заработи минимално 25 милиони евра од спонзорски договори за ЛШ титулата му е доделена на поранешниот „газда„ на Роси, Интер. Ова и дало на Рома директен пласман во ЛШ, а на Милан и Киево квалификации за ЛШ. Киево не се квалификувал и на крајот на сезоната испаднал.

Казната е поделена на 3 години:
Првата година – сезона 2004/2005 одземена титула.
Втората година – 2005/2006 казна одземање 91 бод поради местење натпревари (иако докажале дека немало местење) што го довела Јувентус на дното на табелата со 0 бодови и со тоа испаѓање.
Третата година – 2006/2007 Серија Б со минус 30 бода

Ова било доволно Јувентус да изгуби 2 титули и влез во Лигата на Шампионите. Истотака очигледно е и тоа дека на Милан му се одземени толку бодови колку што им било потребно за влез во ЛШ. И покрај тоа Галијани и Берлумерда се жалеле дека казната е престрога и дека е премногу тоа што ќе мора да играат квалификации за ЛШ.
Случајот Папареста е едноставен и глуп. На натпреварот против Реџина, Папареста игнорирал пенал и поништил два гола за Јувентус. После натпреварот, Моџи и Гираудо влегле во соблекувалната и почнале да му викаат на Папареста. Според правилникот дозволено е директорите пред и после натпреварите да зборуваат со судиите, но не и за време на натпреварите. Во овој случај се било легално.
Моџи викал на Папареста и на линиските судии Копели (кој од Меани добил инструкции да го држи знаменцето доле кога напаѓа Милан) и Ди Мауро со понижувачки тон.
Моџи покасно направил грешка бидејќи тврдел дека ги заклучил судиите во соблекувалната, влегол во авион и одлетал. Сведоците и сведочењето на Папареста велат дека ниту тој ниту било кој друг бил заклучен, а камерите снимиле дека нормално си заминуваат.
За жал Моџи сакајќи да испадне поопасен отколку што е, Gazzetta dello sport добила снимка од тоа и покасно го објавила. Извештајот на шефот на истрагата Борели и сведочењето на Папареста никогаш не биле објавени. Обвиненијата на Моџи за неправедното судење на Папареста, Копели и Ди Мауро се отфрлени, а за нив никој не пишувал.
Ден покасно Папареста се јавил кај Моџи да му се извини и да му објасни се’. Моџи го навредува и му вели „non ho voglia di parlarti„ што значи „несакам да зборувам со тебе„ и прекинува.
Покрај седа кажеме дека Папареста е докажан навивач на Милан.

14.12.2007
Под голем притисок FIGC повторно го отвара случајот Калчополи на цивилниот суд на Италија. Случајот ќе биде префрлен на спортскиот трибунал и судењето би требало да почне на почетокот на годината.
Бидејќи случајот повторно е отворен во Италија, европскиот суд преку Гиу Ле Мани Дале (адвокатот на Јувентус за жалби) и низ многубројните помали судења во врска со Калчополи кои треба да почнат (вклучувајќи ги апсењата на Гиони и Тавароли, челници на Телеком Италија, поради криење докази и илегално прислушување) се надевам дека вистината конечно ќе излезе на виделина.
Истотака, Гиони и Тавароли одлучиле да сведочат против своите поранешни шефови (Трончети и Морати) поради нивните улоги во собирањето податоци и ни вната манипулација со истите.

Текстот што го читавте  е превземен од juvebalkan.com