Откако Гуидо Роси набрзина го уништи Јувентус и со самото тоа ја зголеми вредноста на акциите на Интер, во знак на благодарност Трончети му дава место претседател во Телеком Италија.
Конечно FIGC препознава дека Гуидо Роси би можел да има судир на интереси, па побарале да се откаже од местото комесар на FIGC.
За пресудата (од која Јуве изгуби 250 милиони евра поради праќањето во втора лига) новите челници на Јувентус поднесоа жалба до регионалниот суд во Рим, но поради притисок истатата е повлечена.
FIGC се заканил дека доколку не биде повлечена жалбата ќе биде „смрзнат„ целиот фудбал во Италија (и репрезентацијата). Поради тоа Јуве ја повлекува жалбата.
Судијата Чезаре Руперто заклучил дека сезоната 2004/2005 е легитимна. Судијата Серио од судот за жалби истотака рекол дека ниту еден натпревар, освен Парма-Фиорентина, не е наместен.
Потоа изјавил дека казните се изречени од медиумското лудило и од судирот на интереси. Гуидо Роси признал дека не е докажано дека Лацио, Јувентус и Милан наместиле натпревари, но сепак казните остануваат.
Чезаре Руперто успеал да ги намали казните, но не и да ги укине. Инсистирал на тоа дека не постои никаков „Моџи систем„ и дека тоа е измислица на жолтата штампа. Изјавил и дека нема наместени натпревари (освен Парма-Фиорентина) и дека не постоел систем на кладење, т.е. дека клучните играчи се суспендирани пред натпреварите со Јувентус. Сите овие оптужби се неосновани.
Неодамна, на насловните страни на весниците во Италија осамна „Калчополи 2„ што не предизвика многу медиумска заинтересираност. Истражителите во Наполи пронашле сим картици од Швајцарија кои наводно биле користени од страна на челниците на Јувентус за илегални разговори.
Бидејќи истражителите не можеле да ги снимаат тие разговори така ниту еден инкриминирачки доказ и не постои. Сега е прашање, ако се овие разговори водени на швајцарски картички што е со оние 100.000 повици во италијанската мрежа кои го гурнаа Јуве во втора лига и титулата му е дадена на друг клуб.
Истотака не интересира како Морати и Трончети можеле илегално да снимаат нечиви разговори, а потоа истите да ги објават. Тие би требало да се соочат со оптужба за нарушување на приватноста, клевета, малверзации, фалсификување идентитети.
Истотака судијата Де Сантис изјавил дека пред натпреварите секогаш бил баран од Џиакинто Факети давајќи илегални барања. Тој во неколку прилики ги одбил неговите неспортски барања, а сето тоа е документирано во интервју за Антена 3.
Фановите на Интер изјавиле дека Де Сантис го окривува покојниот Факети дека овој неможе да се брани. Вистината е дека никогаш и не требал да се брани. Неговите рзговори се исфрлени од доказниот материјал, па така никој од Интер не бил под истрага. Ова се случувало додека Факети бил жив. Оваа приказна не била шок бидејќи и други судии имаат слични ситуации. Ова е година стара тужба која е поткрепена со докази кои необјасниво се отфрлени.
Како резултат на ова се многу демонстрации на навивачите од Торино до Наполи и многу здруженија кои се борат на страна на Јувентус. Здружението Giu le mani dalla Juve (рацете на Јувентус) успеало да стигне до челниците на FIGC.
FederalCalcio на чело со Џианкарло Абете одлучил зависно од јавниот интерес повторно да се отвори истрага.
Конечно сега се слушаат навивачите на Јувентус. Ако повторно се отвори случајот, Скудетото би можело да му се врати на Јувентус, а и останатите оштетени клубови би имале корист. Во оваа прилика напоменувам дека казнетите екипи произвеле 12 светски шампиони, 15 финалисти на светските шампионати како и награди од УЕФА вклучувајќи награда на најдобар голман, најдобар дефанзивец и се вкупно најдобар фудбалер. Потоа ФИФА го прогласи Фабио Канаваро за најдобар фудбалер на годината. Сите награди се резултат на достигнувањата во Серија А и Светското првенство во Германија 2006 година.
И дали овие фудбалери изгледаат како да им треба помош од судиите? Одговорот е очигледен – НЕ. Скептици и понатаму се убедени дека Јувентус лажел за да биде успешен, но барам сите навивачи да ги погледнат сите оние прави докази кои ретко стигнуваат до јавноста.
Ако зборуваме за задоволување на правдата не смееме овде да сопреме бидејќи правдата мора да биде слепа на надворешни влијанија, но овде гледаме дека моќниците одбрале жртвено јагне и правата вистина не ги интересира.
Еве некои имиња на високи позиции:
- Претседател на FIGC Франко Кареро, поранешен претседател на Милан и косопственик на Лацио и Рома преку банката Capitalia credit bank
- Претседател на La Lega Calcio Адриано Галијани (потпреседател на Милан)
- Претседател на Здружението на судии Тулио Ланесе, близок пријател на Силвио Верлускони и навивач на МИлан
- Делегати на судии Бергамо и Паирето, потценети од Кареро, Ланесе и Галијани што е докажано со снимки.....потоа Колина ја превзема таа улога после состанок со Галијани
- Премиерот Силвио Берлускони контролира неколку тв станици, магазини и весници и една од најголемите политички партии (Forza Italia). Преку правата на тв станиците ги контролира сите преноси на натпреварите од Серија А и Б (ова покасно е искористено како материјал за уцена Милан да остане во Лигата на Шампиони)
- Фудбалскиот спонзор Трончети Провера (акционер во Интер и пријател на Морати) е сопственик на Телеком Италија и TIM mobile кои се главни спонзори на сите фудбалски натпреварувања во Италија. Истотака е сопственик на гумите Pirelli (главниот спонзор на Интер) и тв станицата La7
- Претседателот на FederalCalcio (FIGC истрагата) Борели, политички соработник на Берлускони и кој имал тајни разговори со Галијани за време на истрагата
- Комесарот на FederalCalcio Гуди Роси, поранешен директор во Интер и негов акционер, истотака бил во управниот одбор на Телеком Италија
- Директорот на Gazzetta dello sport Карло Боре истотака потпретседател на Интер
- Уредникот и сопственикот на La gazzetta Вердели и Канаво. И двајцата акционери во Интер
- Потпретседател на FederalCalcio Масимо Морати, сопственик на Интер
- Моменталниот комесар на FedarlCalcio кој го истражува Интер поради малверзации Стефанини работи како адвокат за тимот La Spezia (40% во сопственост на Морати)
Па дали и понатаму се изгледа како систем кој го контролира Моџи?
Конечно морам да ви кажам за што е оптужен нашиот тим. Тужбата се оснива на тоа дека 3 натпревари се наместени што е клучно во случајот, но докажува и колку е смешно.
Натпревар 1. Лече-Парма. Да точно прочитавте. Овој натпревар нема врска со Јувентус, но овозможила Фиорентина да остане во Серија А во 2005 година. Тужбата е дека Моџи му рекол на судијата Де Сантис да го намести овој натпревар на барање на сопственикот на Фиорентина Дела Вале. Моџи не го поднесува Де Сантис, а и тој не го поднесува Јувентус. Де Сантис (признат навивач на Интер) всушност поништил чист погодок во Супер Купот кој го чинел Јувентус титула, која отишла кај Интер. Сите снимени разговори го поврзуваат Дела Вале со Бергамо, Кареро и Мацеи (сите од FIGC), а ниту еден со Моџи.
Натпревар 2. Јувентус-Удинезе – односно дека вистинскиот наместен меч е Удинезе-Болоња, една недела порано. Идејата е во тоа што судијата на тој натпревар им давал картони на играчите на Удинезе за да не можат да играат против Јувентус. Картони добиле Пинци и Ди Микеле, но и двајцата играле против Јувентус, бидејќи не биле во опсаност од суспензија поради жолти картони.
Натпревар 3. Јувентус-Сампдорија. Оптужбата е дека Моџи средил судијата да признае гол од офсајд за Јувентус за победа од 1-0. Натпреварот завршил 0-1 со тоа што Аимо Диана постигнал гол од офсајд (за победа на Сампдорија). Резултатот денес може да се најде на espn.com.
Да кажеме уште и дека Чезаре Руперто и Пиеро Сандули (државен судија) заклучиле дека немало намерно давање картони ниту наместени натпревари, а и дека судиите биле легално бирани. Со други зборови, сезоната била легитимна. Телефонските разговори покажале неспортско однесување кое е казниво со одземање бодови и парични казни.
Конечно казната од CAF (апелационен суд) вели дека, иако ништо казниво од став 6 не е најдено во случајот на неспортско однесување на Моџи и Гираудо (на сминките Гираудо зборува за небитни работи), создадено е опкружување кое помогнало Јувентус да напредува на табелата што е докажано со неговото прво место на крајот на сезоната. Ова е исто како да кажете дека возењето е доказ дека сте го украле автомобилот. На крајот се обидуваат да не убедат дека Јувентус неправедно напредувал на табелата иако е кажано дека нема никакво местење...............мистериозно зар не!?
Покрај се’, не постои ниту еден снимен разговор меѓу Моџи и судиите со само еден исклучок кога Папареста го повикал Моџи да му се извини поради грешка која го чинела Јувентус во натпревар против Реџина. Моџи само рекол „Немам што да ти кажам„ и ја спуштил слушалката.